ЈП „Градски Пазар“ Охрид издава урбана опрема за комерцијално користење и локација за поставување детски реквизити за забава.
1а. Урбана oпpeмa за продажба на сувенири
Улица Кеј Македонија – Вкупно 5 куќарки, и тоа
- урбана опрема 4 м² ,куќарка бр. 16,17
- урбана опрема 2,2 м² ,куќарка бр. 18,19,20
Графички приказ со нумерички ознаки на урбана опрема се дадени во изводот од годишната програма за поставување на урбана опрема за 2022 година бр.19-8085/3 од 13.06.2022.
Урбаната опрема ќе се издава период на времетраење од 01.07.2022 до 01.10.2022 година.
1б. Локација за поставување на детски реквизити за забава (на отворено)
-Улица Кеј Македонија – 48м2 -Вкупно 3-локации под бр. 1,2,3
Графички приказ со нумерички ознаки на урбана опрема се дадени во изводот од годишната програма за поставување на урбана опрема за 2022 година бр.19-8607/2 од 20.06.2022.
Локацијата за поставување на детски реквизити за забава ќе се издава за период на времетраење од 01.07.2022 до 01.10.2022 година.
2. Почетна цена за издавање на урбана опрема и локации за поставување детски реквизити за забава на месечно ниво е:
- урбана опрема 4 м² за продажбата на сувенири со почетна цена од 8.000.00 (осум илјади денари) вкупно -2
- урбана опрема 2,2 м² за продажбата на сувенири со почетна цена од 5.000.00 (пет илјади денари) вкупно- 3
- Локација за поставување на детски реквизити за забава -48 м² со почетна цена од 12.000.00 (дванаесет илјади денари) вкупно- 3
2.1 Почетните цени за издавање на урбана опрема се однесуваат за период од 30 (триесет) дена.
2.2 Во почетната цена за издавање на урбана опрема, не се содржани трошоците за комунална такса, одржување на хигиена, приклучок и трошок за електрична енергија.
- Целиот износ од договорениот надомест за закуп да го плати во рок од 5 работни дена од склучување на договорот за закуп.
- Редовно да ја одржува урбаната опрема која ја закупил и по завршувањето на договорот за закуп истата да ја предаде на закуподавачот во состојба каква што ја презел од него.
- Да овозможи непречен увид на урбаната опрема од страна на закуподавачот во секое време, со или без претходна најава за истото.
- Закупецот е должен да обезбеди времено броило (приклучок) за струја со што потрошена електрична енергија паѓа на товар на закупецот
- Комуналните услуги, редовно да ги сервисираат кон ЈП Охридски Комуналец Охрид
- Да ги почитува сите обврски кои ги превзеле со договорот за закуп, во спротивно ќе следи еднострано раскинување на договорот.
2.3 Трошоците за хигиена, приклучок и трошок за користење на електрична енергија паѓаат на товар на закупецот
- Трошокот за комунална такса (за користење на плоштади и др.простор во градовите и другите нaселени мeста со цел на изложување на предмети, приредување на изложби и други забави и други приредби и завршени дејности) изнесува 7,00 (седум денари) од м2 дневно.
- Договорот со најповолните понудувачи од електронското јавно наддавање за точка 1 ќe се склучуваат за дадениот период од 01.07.2022 до 01.10.2022 година.
3. Доставување на пријави
3.1 Право на учество на јавниот повик за изнајмување на урбана опрема и локациите за поставување детски реквизити за забава има секое:
- Правно лице кое има регистрирано деловно седиште во општина Охрид и кое не е во постапка за стечај или ликвидација. (Решение од ЦР на РСМ не постаро од 6 месеци)
- Физичко лице кое е жител на општина Охрид
- Секое физичко и правно лице има право да аплицира на јавниот оглас само за една од локациите предвидени во Програмата за поставување урбана опрема во општина Охрид за тековната година.
- На избраниот најповолен понудувач од електронското јавно наддавање му се забранува изнајмување или пренесување на правото на користење на урбана опрема на трети лица.
Право на учество на јавниот оглас немаат:
- Физички и правни лица кои имаат неподмирени обврски (даноци и придонеси) кон општина Охрид и кон државата по основ на данок.
3.2 Понудувачот треба да достави:
- Пријава за електронско наддавање на унифициран образец; (Унифициранот образец може да се подигне во просториите на ЈП Градски Пазар Охрид или на веб страната на ЈП Градски Пазар Охрид https://jpgradskipazarohrid.mk/
- Уплатница на име депозит за учество на износ од 2.400.00 (триилјадиидвесте) денари за типизирана куќарка со димезии 4м2.
- Уплатница на име депозит за учество на износ од 1.500.00 (две илјади) денари за типизирана куќарка со димензии 2,2м2.
- Уплатница на име депозит за учество на износ од 3.600.00 (три илјади и шестотини) денари за Локација за поставување детски реквизити за забава 48 м2
- Уплатата се врши на следната сметка: жиро с-ка 210-066616880194 депонент на НЛБ Тутунска Банка АД Скопје, Филијала Охрид
- Уплатата на депозитот од претходниот Оглас 12/2022, од пријавените на кои требеше да им се врати депозитиот , им се важи за овој оглас ако се пријават за електронското јавно наддавање
За правни субјекти
- Потврда за регистрирана дејност (издадена од Централен регистар на PCM или соодветен документ-доказ дека припаѓа на соодветно здружение – не постари од 6 месеци),
- Потврда дeкa нема заостанати обврски кон општина Охрид-Локална самоуправа по основ комунална такса (за користење на плоштади и др.простор во градовите и другите населени мста со цел на изложување на предмети, приредување на изложби и други забави и други приредби и завршени дејности) изнесува 7,00 (седум денари) и закуп на урбана опрема; (потврдата ја издава Сектор за финансиски прашања при општина Охрид и УЈП);
- Фотокопија од лична карта на управителот
За физички лица
- Фотокопија од лична карта
- Потврда дека нема заостанати обврски кон општина Охрид-Локална самоуправа по основ комунална такса и закуп на урбана опрема; (потврдата ја издава Сектор за финансиски прашања при општина Охрид);
Депозитот на учесниците кои нема да бидат избрани за одредена урбана опрема е повратен, додека за учесниците кои ќе добијат урбана опрема на јавното електронско наддавање ќe биде одбиен од вкупната цена на склучениот договор.
Депозитот за учесниците не е повратен доколку после надавањето самоволно се откажале од потпишување на договор за изнајмување урбана опрема-типизирана куќарка.
4. Начин на доставување на пријава
Пријавата треба да се достави со назнака:
ЈП Градски Пазар Охрид
Комисија за спроведување на оглас за прибирање пријави за издавање на урбана опрема бр. 16/2022
Урбана опрема бр.
(се внесува делот и бројот на урбана опрема за кoj пријавениот учествува,
НА ПРИМЕР I —, урбана опрема бр.16 или Локација за поставување детски реквизити за забава бр.1 „Булевар Туристичка“ бp.79 Охрид
НAПOMEНA:
Комисијата не сноси одговорност за ненавремена и неуредна достава на пријавите.
Пријавата се доставува по пошта или лично во Архивата на ЈП Градски Пазар Охрид.
ЈП Градски Пазар Охрид нема никаква одговорност за ненавремена достава на пријавата, нејзино предвремено отворање или губење на истата.
5. Начин на отворање
Пријавите да се достават најдоцна до 27.06.2022 г. во 12.00 часот.
- Електронското Јавното наддавање ке се одржи по евалуација на доставените пријави
- Јавното надавање ќe се одржи на www.eaukcijaohrid.mk . Напатствија, инструкции и лозинка во писмена форма ке добијат сите учесници кои ги исполниле условите на најмалку 3 (три) дена пред јавното електронско наддавање
- За денот и часот на јавното електронско наддавање учесниците ќe бидат известени на контакт адресата на пријавениот и web страната на ЈП Градски Пазар Охрид.
- За избран ќе се смета пријавениот кој понудил највисока цена за урбана опрема на електронското јавно наддавање под услов да ги исполнил условите предвидени во точка 3.2.
6. Предмет на јавно електронско наддавање
- Предмет на јавното електронско наддавање е месечната почетна цена, односно за период од 30 дена
7. Склучување на договор
Договор ќе се склучи со пријавениот кој понудил највисока цена на јавното електронско наддавање.
Договорот ќе се склучи во рок од три работни дена од денот на приемот на Известувањето за избор на најповолен понудувач.
По склучување на договорот и подмирувањето на обврските кои произлегуваат од истиот, уплатата на комуналната такса и подмирување на обврската која произлегува од задолжението,пријава до УЈП со цел да се изготви задолжение кое произлегува од договорот, како и склучување на договор за јавна чистота со JП “Охридски Комуналец”, избраниот понудувач е должен да се придржува до одредбите на склучениот договор.
Доколку понудувачот кој понудил највисока цена на електронското јавно наддавање, не склучи договор во цитираниот рок, договорниот орган може да склучи договор со следниот рангиран понудувач.
Доколку понудувачот кој доставил највисока понуда на јавното електронско наддавање, од било која причина се откаже од потпишување договор, депозитот за наддавањето се задржува од страна на Јавното претпријатие
При евентуална попреченост од било кои причини Општина Охрид и Јавното претпријатие Градски пазар Охрид има право да изврши промена на локацијата, а закупците се обврзуваат дека ќе ги прифатат промените. Доколку корисникот на услугата не ја прифати таквата промената состојба, ваквиот договор во рок од 8 дена се раскинува, двострано, без право на никаков надоместок од двете страни, доколку претходно корисникот на услугата го има подмирено целокупниот долг по основ на закупнина по договор.
Графичките прикази со нумерички ознаки на урбаната опрема, заинтересираните субјекти можат да ги превземат од web страната на ЈП Градски Пазар Охрид, https://jpgradskipazarohrid.mk/ или секој работен ден од 07.00-15.00 часот во просториите на ЈП Градски Пазар Охрид.