По повод Новогодишните и Божикни празници, ЈП „Градски Пазар“ Охрид издава под закуп тезги за продажба на Новогодишни и божикни украси на плоштадот „Крушевска Република“.
Сите заинтересирани лица кои што сакаат да изнајмат тезги, треба да се пријават најкасно до 05.12.2022 година, во просториите на ЈП „Градски Пазар“ на бул. „Туристичка“ бр. 79.
Дополнителни информации може да се добијат во просториите на ЈП „Градски Пазар“.