Skip to main content

Се ловат рибокрадците во охридско

Продолжува криволовот на Охридска пастрмка. Засилените полициски контроли вродија со плод.

 |   | 

При вршење на патролна дејност во водите на Охридското езеро, вчера, од 9 до 14 часот, на околу 4000 метри од брегот на езерото, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор „Охридско езеро“ пронашле рибарски мрежи со риба пастрмка.

Од Полициската станица за Граничен надзор „Охридско езеро“ информираат дека се преземаат мерки за расчистување на ваквите случаи.