Skip to main content

Туризам

Се менуваат интересите на туристите

Повеќето не сакаат масовен туризам туку сами го организираат патувањето. Националниот парк Галичица и видиковецот кон двете езера е најпосакуван локалитет за посета на туристите. За повеќе туристи во регионот треба да се поработи на патната инфраструктура кон Охрид.
 |  Валентина Неловска  | 
Галичица

Охриѓанецот Јован Јованоски, интернационален водич во планина, споделува кои се трендовите во туризмот после пандемијата. Странските гости го избегнуваат масовниот туризам. Се почесто избираат да патуваат самостојно планирајќи што ќе посетат без да бидат врзани за групно патување и турстички агенции, вели Јованоски. Најчесто бараат да ги посетат убавините на НП Галичица, да возат велосипед или да планинарат.

Во нашиот регион најпосетен локалитет е НП Галичица . Тоа е она што не издвојува едно скалило погоре од другите градови во Македонија. НП Галичица е значаен за гостите, со своите посебни карактеристики кои ги има. Двете езера на западната и источната страна на националниот парк се прекрасна глетка. Секој кој доаѓа сака да ги види двете езера од оваа гледна точка“, кажува Јованоски.

велотури

Денешните гости сакаат да бидат слободни, а се изненадени од нашиот однос кон планината и природата. Најмногу се чудат што има многу малку домашни псоетители на планина ,а од друга старна од количините отпад кои завршуваат во околината нагрдувајќи ги природните убавини. За разлика од порано на туристите сме подготвени да им понудиме бројни содржини, но треба добро да ги искористиме во туристички цели. Она на што треба под итно да се поработи е подобрување на патната инфраструктура.

Инфраструктурата е на прво место. Немаме добар пат до Охрид. Благодарение на аеродромот го имаме овој туризам кој што го имаме во моментов. Патеки за велосипеди и за планинарење имаме, но треба да се одржуваат. Да се најде начин сите чинители во туризмот да работат да го зачуваме она што го имаме. Да не е преексклузивно и да сме свесни за шетата која ја правиме на природата, сето тоа да е избалансирано“, напоменува Јованоски.

Пандемијата направи пресврт кај домашните туристи во поголем број да поминуваат на планина, вели Јованоски. Сепак, мал е бројот од нив кои бараат лиценцирани водичи во планина за разлика од странските гости. Националниот парк Галичица е најпосетуван од европските туристи, Израелци и Азијци.