Во училишната зграда во село Оровник во тек е монтирање на централно топловодно греење, каде ќе биде монтирана топлинска пумпа 34 kW и 21 челични панелни радијатори.
Средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година, Програма за основно образование, средства од сметката на ООУ Дебрца.
Претходно со топловодно греење беа обезбедени училиштата во село Мешеишта и село Требеништа.
„Со ваквите проекти ги подобруваме условите за учење не само на сегашните,туку и на идните генерации.“ – вели градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески.