Се надминуваат бариерите за лицата со инвалидитет
Се надминуваат бариерите за лицата со инвалидитет.
Институциите почнуваат полека да учат дека ние постоиме во оваа држава, вели Снежана Танеска од Здружението со телесно инвалидизираните лица Мобилност од Охрид. Требаше да поминат две години по ратификацијата на Конвецијата за правата на лицата со инвалидитет за работите да почнат да се менуваат. Танеска напоменува дека тие се свесни дека промените нема да се случат преку ноќ. Додава дека тие треба да се изборат за промените во свеста кај останатите граѓани за да сфатат кои се нивните потреби.
„ Досега бевме маргинилизирани, туркани настрана и не не погледнуваа. Сега почнуваат да не гледаат со други очи и да ги разбираат нашите потреби. Онаа крутост почна полека да исчезнува и да стануваат поеластични и поразбирливи во решавање на нашите потреби почнувајќи од архитектонските, образовните, здравствените и останатите бариери. Конвенцијата е спас за лицата со инвалидитет и е правен документ за да се изедначат потребите со останатите граѓани на РМ.“
Охридскиот градоначалник Никола Бакрачески денес на одбележувањето на 3 декември Светскиот ден на инвалидизраните лица остварисредба со повеќе Здруженија со различен инавлидитет. Во средбата со преставници од здруженијата ги слушна нивните проблеми и потреби. Градоначалникот вети како и досега секаков вид на поддршка во рамките на можностите на Локалната самоуправа.
„ Ние стоиме на располагање за сите нивни барања, ќе ја унапредуваме поддршката со здруженијата. Се надеваме дека во наредниот период како и досега ќе има задоволство од меѓусебната соработка. Има една забелешка на која укажуваат на неопходноста од изградбата на пристапни рампи за лицата со телесен инавлаидитет. Вработените во Локалната самоуправа добија задача за брзо време за некои локации да најдат можни архитектонски решенија и тие рампи да ги изградиме.“
Секретарот на Локалната самоуправа, Димитар Спасески, пак оствари средба со здружението на родители на деца со церебрална парализа. Спасески напомена дека се подготвени постојано да ги подобруваат условите во кои живеат лицата со инвалидитет. Потсети на специјалното возило кое на нивно барање може да им биде отстапено на користење, потоа на инфо пултот во општината наманет за потребите на овие лица, а потсети и на проектот за дневниот центар „ Зраци“.
„Секторот за локален економски развој во соработка со Министерството за труд и социјална политика и УНДПИ сработија проект за дневниот центар „ Зраци“ за лицата со посебни потреби каде што се вработија 5 стручни лица кои се грижат за корисниците на центарот. Со несмален интензитет работиме на подобрување на условите за живот на овие наши сограѓани.“
Светскиот ден на инвалидизираните лица 3 декември бројни здруженија од градов го одбележаа со бројни спортски активности. Се одржа шаховски турнир и други видови на спортски игри каде што највештите учеснци добија признанија за постигнатите резулатати.
{loadposition content9}