Skip to main content

Се наѕира крајот на изградбата на пешачката патека од мостот до Горица 1

Финиширааат работите на пешачката патека од Мостот Студенчишта до Горица

 |  Јаковлева Лионела  | 

Деновиве интензивно се работи на терен да се завршат комуналните зафати по што ќе се премине кон нејзино поплочување и хортикултурно уредување. Со тоа Охрид ќе добие една убава патека за рекреација на граѓаните и гостите, велат од Локалната.

Се наѕира крајот на изградбата на пешачката патека од мостот до Горица 1. Моментално интензивно се работи на третата фаза што подразбира изградба  на преостанатите 630 метри од патеката и целосно поставување на комуналната инфраструктура.

ЈП „Водовод“ и ЈП „Нискоградба“ работат на поставување на нова водоводна мрежа и нова мрежа за одводнување на отпадните води, а ЈП Градски гробишта работи на поставување рамници т.е. ивичњаци на патеката, а економскиот оператор Еуро Стил ги поставува гранитните плочки, вели Љупчо Танески од Секторот за комунален развој, сообраќај и патишта.

Локалната  не беше во можност да ја изгради наеднаш оваа патека, па затоа ја градеше дел по дел, во неколку фази. Патеката се гради со средствата од општината и тоа две третинии, а една третина со средства од ИПА фондовите добиени за  прекуграничната соработка со Грција. Градежните зафати на овој потег траат повеќе од една година.

За пет до десет дена јавните претпријатија треба да завршат со своите активности  па да се отвори фронт за работа на економскиот оператор  и во најбрзо време да биде уреден овој простор, вели Танески.

Според проектот патеката треба да претставува авенија широка 12 метри од кои дел се пешачка патека, дел  велосипедска патека, а на средината таа хортикултурно се уредува. Во рамките на проектот ќе биде дополнително уреден и скејт паркот, но и паркингот на почетокот од патеката со кој стопанисува ЈП „Билјанини Извори“.