Се оценува како ќе влијаат проектите во НП Галичица врз животната средина
Се оценува како ќе влијаат проектите во НП Галичица врз животната средина.
НП „Галичица“ по задолжение на Владата треба да го измени планот за управување во неговите граници и да се овозможи градба на три големи проекти. Треба да се изработи стратешка оценка на тие измени како градбите како што се експресниот пат Охрид -Пештани – Албанска граница, скијачкиот центар и развојната туристичка зона Љубаништа ќе влијаат врз животната средина, напоменува д-р Оливер Аврамоски, раководител на сектор за зачувување на природата во НП Галичица.
„ Наша цел е преку изготвување на тие измени, со студија и стратешка оценка да кажеме што ќе биде засегнато од природните богатства. Целта на консултанскиот тим од ГИС е да посочат кој проект какво влијание ќе има врз природата и статусот на паркот, статусот како подрачје на Унеско , културното наследство и природно богатство“, вели Аврамоски.
Со измените на зоните за управување на паркот е предвидено триста деведесет и пет хектари да бидат пренаменти од одржливо користење во активно управување. За та цел денес беше на јавна распарав преставен извештајот од Стратешката оценка на документот врз животната средина. На денешната презентација не беа анализирани поединечните проекти како ќе влијаат врз животната средина, кажа Борка Ковачевиќ дел од тимот на Градежниот институт на Македонија, кој ја изработуваше Стратешката оценка врз животната средина од предлог измените на планот со управување на НП Галичица.
„Ние проектите нема да ги разгледуваме се работи за развојни проекти на пониско ниво. Ќе ја анализираме измената на зоната на управување и нивното влијание на сите параметри и квалитет на животната средина, медиуми и области. Како и мерките предвидени да се заштити жовтната средина во однос кога тие би се имплементирале“ , кажа Ковачевиќ.
Александра Бујароска од Здружението на граѓани Форум 24/41 кои работат на заштита и унапредување на природата даде свое видување иопчекувања од денешната јавна расправа.
„Драго мие што ова е прв пат стартешката оценка за влијанието на животната средина да даде негативна оценка по однос на проектите. Очекуваме од надлежните административни тела, националниот парк , од општината и Министерството за животна средина да ги прифати тие препораки и да се отргнат од спроведување на овие, проекти, патот и туристичката развојна зона во Љубаништа. Дополнително во доследно време очекуваме да се испочитуваат одредбите за меѓународна консулатција и да се воспостави комуникација со албанската страна и да се консултира Унеско во однос на заштитата на Охридското езеро“, истакна Бујароска.
Јавната расправа за Стратешката оценка за влијанието врз животната средина од предлог измените на планот со управување на НП „Галичица“ предизвика силно внимание и присуство на граѓани, екологисти, невладини, владини и државни преставници.
{loadposition content9}