Skip to main content

црвен крст – охрид

Се одбележува Светскиот ден на волонтерството

Денес, 5-ти декември, Црвен крст Охрид со голема гордост и почит го одбележува Светскиот ден на волонтерството и упатуваат признание и благодарност до секој волонтер за посветеноста и придонесот за подобрување на животот во заедницата и општеството во целина.
 |  инфодеск  | 

Денес, 5-ти декември, Црвен крст Охрид со голема гордост и почит го одбележува Светскиот ден на волонтерството и упатуваат признание и благодарност до секој волонтер за посветеноста и придонесот за подобрување на животот во заедницата и општеството во целина.

„Волонтерите и волонтерството се нашиот потенцијал да одговориме на потребите на заедниците во локалното опкружување. Црвен крст Охрид како водечка волонтерска организација во Охрид и Дебрца со поддршка и вклученост на своите волонтери дава посебен придонес во справување со различни предизвици и реализација на активности од посебен интерес на заедницата.“, велат од Црвен крст Охрид.

Под мотото „ВО ЗАШТИТА НА ХУМАНОСТА“ на овогодинешниот Светски ден на волонтерство, Црвен крст Охрид акцент стават на оддавањето на признание на придонесот на нивните волонтери од сите генерации, од најмладите до највозрасните, кои во духот на хуманоста обезбедуваат поддршка за спроведување на нашите активности наменети за најразлични корисници на услуги на Црвен крст Охрид. 

Во таа насока, Црвен крст Охрид денес, во периодот од 12-18 ч., во своите простории, организира ОТВОРЕН ДЕН за ВОЛОНТЕРИ, каде, преку дружење и разговори со наши волонтери од 7 до 77 годишна возраст, заинтересираните ќе можат да се запознаат со изворите на мотивација за волонтирање и да  го препознаат  клучот на успехот на Црвен крст Охрид кој се огледа токму во искрената посветеност на волонтерите на нашите активности, одвојувајќи дел од своето слободно време, дел од себе, од својата стручност, професионалност, за помош на ранливите категории на луѓе.

„Ги покануваме нашите сограѓани, пријатели, поддржувачи, помагатели на Црвен крст Охрид,  активните волонтери и оние кои имаат желба да постанат волонтери на Црвен крст Охрид, без разлика на возраста, да го препознаат волонтерот во себе и бидат дел од овој настан на кој ќе се истакне значењето на волонтерската активност и дејствување, и волонтерството како глобален феномен и фундаментална човечка вредност која ги развива основните постулати на граѓанското општество: почитување на разликите, хуманоста, одговорноста за други, одговорноста за своето мислење, одговорноста за својот избор.“, додаваат во нивното соопштение.