Skip to main content

Се одгледува и продава сезонско цвеќе во охридскиот расадник

Се одгледува  и продава сезонско цвеќе  во охридскиот расадник.

 |  Валентина Неловска  | 
расадник

Во охридскиот расадник, кој работи во рамките на ЈП Комуналец се одгледуваат лисно и цветно декоративни садници. На површина од  2 хектари  под пластеници и под стакло се произведува сезонско цвеќе. За засадување и одржување на хортикултурните површини се грижат околку 25 работници. За хортикултурно уредување на јавните површини во парковите, но и за продажба за приватни дворови и градини се одгледуваат различни видови на сезонско цвеќе, информира Трајче Љатков  од ЈП Комуналец.  

расадник

„ Најмногу сме определени за цвеќе од хибридно семе кое се покажа најсоодветно на временските  услови во Охрид како најдолготрајни во една сезона. Од работата на производство најзастапени и приоритетни видови на цвеќе се  тагетес или  џунџуле, петунија, салвија, агератум, лепи Јово, лампатијас“,напоменува Љатков.
Покрај виола триколор или очињата, и розите кои се засадуваат на јавните површини и во охридските паркови, Љатков најавува од идната сезона одгледување и на лалиња.  Додава дека е задоволен од граѓаните кои купуваат во  нивниот расадник.

 

 

расадник

„Охридскиот  расадник подолго време соработува со хотели , плажи , ресторани в долж крајбрежјето. Има охриѓани кои тука купуваат и сезонско цвеќе и декоративни садници , но доаѓаат и граѓани во летната  сезона за да ги уредуваат своите дворови, кажува Љатков.

Љатков напоменува дека има  несовесни граѓани кои го крадат  и уништуваат цвеќето од охридските паркови и  и околу дрворедите. Најмногу страдаат засадените очиња на улицата Димитар Влахов, се жали Љатков. Додава дека  мета на вандалите се и декоративните  ќупови во паркот кои се кршат.