Skip to main content

Kонтинуитет во поетската и културна ризница на Охрид

Се одржа Меѓународнатa поетска манифестација ,,Охридски поетски бисер”

Манифестацијата има за цел меѓународна промоција на поетската реч, македонскиот јазик и македонската литература, градот Охрид и Македонија.
 |  инфодеск  | 
Охридски поетски бисери

Меѓународнатa поетска манифестација ,,Охридски поетски бисер” – 2023 г. се одржа вчера во манастирот ,,Свети Кузман и Дамјан” во село Опеница, Охрид.

„Осмата меѓународна поетска манифестација „Охридски поетски бисер“ е симбол за творечкиот напор и ангажираноста на поетските души, но и обврска за континуитет во поетската и културна ризница на Охрид. Поезијата е незамислива без поетите, но и без читателите. Читателот најсилно се чувствува преку интересот за поетската творба на авторот. Песната вистински живее само тогаш кога има и додека има читатели. Поетите создаваат за нив. Колку повеќе читаме и пишуваме, пееме и рецитираме толку повеќе сме поддржувачи на македонската поезија и на поетските манифестации.“ – истакна заменик градоначалникот на Охрид, Печо Божиновски.

Од 204 пристигнати творби од 121 македонски поет, 31 млад поет; 49 странски поети и 3 поети од македонската дијаспора беа наградени следните :

Македонски автори од Македонија
1. Милчо Мисоски, Струга
2. Мери Арсовска, Битола
3. Марија Брндевска, Струмица

Странски автори
1. ,,Бумеранг” – Мирослав Мишел Болтрес
2. ,,Тамо иза сунца” – Душко Р. Недовиќ, Црна Гора
3. ,,Не питај” – Славица Б. Лазаревиќ, Србија

Млади автори
Константина Андонова, ОУ ,,Даме Груев” – Битола
Јована Лазаревска, Куманово
Иван Симеуновиќ, 6 одд. ОУ ,, Вељко Дробњаковиќ” – Рисан, Црна Гора
Марија Наумоска, ОСУ ,,Свети Климент Охридски” – Охрид

Македонски поети надвор од Македонија – дијаспора
Милена Златеска – Пула, Хрватска


Награда за животно дело беше доделена на Проф. д-р Павле Митрески и Миладин Угреновиќ- Мидвеш.

Манифестацијата има за цел меѓународна промоција на поетската реч, македонскиот јазик и македонската литература, градот Охрид и Македонија.

Организатор на манифестацијата е Здружението за литература и култура „Охридски поетски бисер” и е дел од културните манифестации во Програмата за активностите на Општина Охрид во областа на културата за 2023 година