Skip to main content

НУ Библиотека Григор Прличев

Се одржа првата роднокрајна средба на писателите од Охрид

Писателите разменија идеи околу издавачката продукција и збогатувањето на Роднокрајното одделение со нивни нови наслови.
 |  инфодеск  | 

Во организација на НУ Библиотека „Григор Прличев “ вчера се одржа Првата роднокрајна средба на писателите од Охрид.

Средбата имаше работен наслов: „Охрид низ творечкиот ракопис“. Настанот целосно беше сниман а на секој присутен учесник – автор одделно му беше изработен фото – портрет кој ќе се чува во дигитална форма во библиотечната архива.

По воведното и поздравно излагање на директорот на НУ Библиотека „Григор Прличев“ м-р Милчо Јованоски кој се осврна на активностите во библиотеката и соработката со охридските творци, присутните разменија идеи околу издавачката продукција и збогатувањето на Роднокрајното одделение со нивни нови наслови.

Договорено е охридските творци на секои три месеци да се собираат на еден настан во Библиотеката и да говорат за успесите, но и нивните проблеми во областа на издаваштвото.

Следната средба е закажана за почетокот на октомври – месец кој се слави како Месец на книгата.

Настанот е дел од Годишната програма на Библиотеката и финансиски помогнат од Министерството за култура.