Skip to main content

Куп за едрење на Охридско езеро

Се одржа првата годинешна јахтинг регата во склоп на “Куп за едрење на Охридско езеро“

На оваа прва годинешна јахтинг регата во склоп на “Куп за едрење на Охридско езеро“ на Едриличарска федерација на Македонија учествуваа 15-тина едрилици од клубови од Охрид и Скопје.
 |  инфодеск  |  ,
регата

Викендов во акваториумот на Охридскиот залив се одржа јахтинг регата во организација на Јахтинг клуб ОЛС-Охрид. На оваа прва годинешна јахтинг регата во склоп на “Куп за едрење на Охридско езеро“ на Едриличарска федерација на Македонија учествуваа 15-тина едрилици од клубови од Охрид и Скопје.

Се одржаа три трки согласно регатните правила. Првото место во класа до 7м го освои Никола Бараковски од Јахтинг клуб ОЛС-Охрид, прво место во класа над 7м го освои Будимир Соколовиќ од Јахтинг клуб Олс-Охрид и прво место во класа “One design“ го освои Славчо Мошоски од “Меч рејс клуб“-Охрид.

Прогласување на победниците, доделување на пехари и награди(врвно вино Вранец барик) како и пригоден коктел, се одржа пред Вила и винарија „Мал Св. Климент“ која беше и донатор на наградите.