Skip to main content

Н.У Библиотека Григор Прличев

Се одржа Регионалниот натпревар „Млади библиотекари“

На натпреварот учествуваа 16 ученици од основните училишта „Григор Прличев“, „Ванчо Николески“, Лескоец, „Христо Узунов“, „Живко Чинго“, Велгошти „Св. Климент Охридски“, „Дебрца“,  Белчишта и „Св. Наум Охридски“, Пештани.
 |  инфодеск  | 

Вчера се одржа Регионалниот натпревар „Млади библиотекари“ на кој учествуваа 16 ученици од седум Основни училишта:  „Григор Прличев“, „Ванчо Николески“, Лескоец, „Христо Узунов“, „Живко Чинго“, Велгошти „Св. Климент Охридски“, „Дебрца“,  Белчишта и „Св. Наум Охридски“, Пештани.

Натпреварувачите претходно подготвениот текст го  одговараа во текот на еден час и се потпишаа со шифра, а Комисија од Библиотеката по прегледувањето на прашалниците на посебен настан ќе го прогласи победникот кој ќе се стекне со право на учество на 24. Републички натпревар „Млади библиотекари“ кој во организација на Библиотекарското здружение на Македонија годинава ќе се одржи 7 мај во Библиотеката во Кичево.