Се одржа промоција на СОСУ„ Св Кирил И Методиј“ преку виртуелни компании
Се одржа промоција на СОСУ„ Св Кирил и Методиј“ преку виртуелни компании.
СОСУ „Св Кирил и Методиј“ ги промовираше своите можности за привлекување на основци за упис на новата генерација ученици. Славица Костоска, директор на ова средно училиште кажа дека нивните ученици испратиле и промотивен материјал до сите основни училишта во градот, но и во Дебар и Ресен каде што нема медицински и економски училишта, за да ги запознаат учениците со нивните капцитети.
„ Можностите на училиштето се големи. Но, за жал како опаѓа наталитетот во земјава и кај нас , а по одливот на младите кои заминуваат надвор, се осиромашуваат школите со можност на уписи на нови ученици. Годинава има околу 470 полуматуранти,а тие треба да се распоредат во 4 средни училишта. Мислам дека интерес постои, но се малубројни учениците кои го завршуваат основнотото училиште“, вели Костоска.
Костоска потсетува дека бројот на учениците рапидно опаѓа. Минатата година имале 147 матуранти, а се запишале 98 ученици во прва година, што е скоро 5о проценти разлика. Со тој проблем се борат сите училишта. Сепак напоменуваат дека следните генерции од 7 и 8 оддленеи ќе бидат побројни. Директорката на СОСУ Св Кирил и Методиј потсетува на конкурсот со кој училиштето го објавува уписот во двете стручни насоки, економско – правна и медицинска паралелки.
„Вкупно 140 ученци ќе можат да се запишат оваа учебна година. Четирите паралеки се со по максимум 34 ученици во една паралелка во еконсмско, правна и трговска паралелка. Една паралелка од здравствената струка, за која има најголем интерес, но според верификацијата имаме таква можнсот“, информира Костоска.
Економското училиште ги презентираше своите можности за да привлече завршени основци. На промоцијата беа претставени и 8 виртуелни компании осмислени од средношколците од ова училиште. Годинава со дипломи од СОСУ Св Кирил и Методиј заминуваат 137 ученици кои матурската забава ќе ја имаат на 18 мај.