Се одржува јавната чистота на повеќе локации низ градот и околината
Во Охрид и околината денеска беше реализирано тековно одржување на јавната чистота, информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.
Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ денеска реализираа низа активности за одржување на јавната чистота на повеќе локации низ Охрид и околината.

Беше извршено чистење на дива депонија во близина на метеоролошката станица. Подигнат е расфрлан отпад покрај патот до с.Елшани, се чистеше и метеше во селото и населба Лагадин, како и во с.Косел во близина на реката. Екипите го подигнаа натрупаниот отпад од езерските бранови во крајбрежниот појас плажа Грашница, месноста „На Дол” Трпејца , плажата кај Љубаништа во близина на река Черава и градски кеј. Се изврши и генерално чистење во Стар Град (пристапни улици и сокачиња) – информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.






