Утрово градежна механизација започна со отстранување на фонтаната кај Чинарот.
Побаравме информација од Општина Охрид, дали со тоа започнуваат подготовки за реконструкцијата на плоштадот Крушевска република, што беше ветен проект во изборната програма на Градоначалникот Кирил Пецаков. Од Фондот за комунален развој велат дека засега само ќе се отстрани фонтаната.
„Реконструкција на плоштадот „Крушевска Република” е капитален проект вреден 47 милиони денари. Плоштадот „Крушевска Република“ според проектот ќе добие нов и модерен изглед, со нова урбана опрема, канделабри, осветлување со лед светилки, фонтана, садници и клупи, канти за отпадоци. “ – најави Градоначалникот Пецаков во јануари годинава.
Од страна на НУ „Завод и Музеј“ Охрид претходно беа спроведени археолошки истражувања за утврдување дали има археолошки материјал на локацијата, со цел добивање одобрение за реконструкција.
Фонтаната беше подарок за град Охрид од „Охридска банка АД“- Охрид.