Се подготвува Националниот катастар на подземни води
Подземните води се 99% од слатките води или водите кои човештвото ги користи за пиење. Како држава мора да ги зачуваме за нас, но и за генерациите кои доаѓаат.
Изработена е новата десетгодишна Програма за управување, користење и заштита на подземните води во Македонија. Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова на работната средба со амбасадорката на Швајцарија Вероник Улман дискутираа за долгогодишната поддршка на Швајцарската Влада во делот на управување и заштита на водите, особено подземните води. Амбасадорката Улман ја најави новата Програма за управување, користење и заштита на подземните води во Република Северна Македонија.
Денес започнуваме нова иницијатива нов проект меѓу Швајцарија и Министерството, кој што ќе се фокусира на градење на капацитетите на властите, давателите на услуги и граѓанското општество, за управување и заштита на водите. Точно е започнавме со анализа, односно со катастарот на подземни води. Она што сега правиме е да ги вклучиме сите засегнати страни за да се дефинираат приоритетите, со што треба што побрзо да се започне – истакна Вероник Улман, амбасадор на Швајцарија во Македонија.
„Бидејки сме свесни со какво богатство располагавме, ние побаравме од швајцарската влада да направиме еден преглед со состојбите со подземните води за да можеме да утврдиме правилен начин на управување со истите“, посочи Министерката Каја Шукова.
Овој процес треба да ни даде соодветни податоци за тоа какви се подземните води во РС Македонија, да помогнеме во делот за институционално зајакнување за управување со подземните води. Да ги собереме соодветните податоци потребни како основа за да можеме да ги управуваме и заштитиме истите – вели Шукова.
И покрај високиот процент на користење на подземни води во земјава, нивниот потенцијал не е ниту доволно истражен, искористен, ниту заштитен така што се цени дека една од приоритетните активности е подготовка на Националниот катастар на подземни води. Тоа треба да биде клучен стратешки документ за натамошен развој на државата, а е и обврска од Рамковната директива за водите (РДВ), па во овој контекст се и напорите на поголем број надлежни институции во државава.