Skip to main content

Министерство за труд и социјална политика

Се подготвува новиот закон за работни односи

Новиот предлог закон за работни односи предвидува по експедитивни казнени одредби за работодавачите, преку намалување на опомените. Исто така новата нацрт верзија предвидува и измени во склучувањето на догoворите за oпределено време, кои сега нема да може да траат повеќе од две години и нема да може за ист работник повеќе од три пати да се потпишува анекс на тие договори.
 |  инфодеск  | 
Закон за работни односи

Се подготвува нов закон за работни односи. Нацрт верзијата деновиве ја минува фазата на јавните расправи. Новите законски одредби предвидуваат поригорозна казнена политика кон  работодавачите за непочитување на работничките права, нотира ресорната министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска. Законот за работни односи е основен закон со кој се уредуваат базичните права од работен однос, таа посочи дека со овој документ се воспоставува баланс во односите помеѓу договорните страни.

Со оглед на тоа дека пристапот кон непочитувањето беше превентивен, да ги научиме работодавачите да го почитуваат законот и таму каде што превенцијата не дава резултат одиме со казни. Но, анализите на Државниот трудов инспекторат покажаа дека не може да се даде опомена за дело кое е „тешка повреда на правата на работен однос“ и во делот на жалбите до второстепена комисија често се случува работодавачот има право и на решениијата за опомена и за наредба кои ќе му ги достави инспекторот да се жали. Се случуваше за исто право комисијата да одлучува различно – истакна Тренчевска.

Министерката за труд и социјала објасни дека со цел ваквите појави да се отстранат и да се овозможи поголема заштита на правата на работниците, во новиот предлог закон имаме дистинкција на полесни и потешки прекршувања на законот. Опомените вели Тренчевска ќе се даваат за многу мал дел од прекршувањата на новиот Закон за работни односи, како на пример, чување на договорот за работа во седиштето на работодавачот.

За се она што значи непочитување на евиденција на работно време, не исплаќање на додатоци, одиме дирекно со наредба и со прекршочна глоба – додаде министерката Тренчевска.

Новиот предлог закон предвидува и измени во склучувањето на догoворите за определено време, кои нема да може да траат повеќе од две години и да не може за ист работник повеќе од три пати да се потпишува анекс на тие договори. Доколку после истекот на две години работодавачот има потреба од работникот, должен е работниот однос да го трансформира од на определено во неопределено време.