За една година во општина Охрид реализирани се 18 проекти за изградба и реконструкција на водоводни линии.
Вкупно се поставија 1 540 метри водоводни линии. Вредноста на зафатите изнесува 12.266.958 денари. За 365 дена изградивме два резервоари за вода. Голем акцент ставаме на подобрувањето на квалитетот на водоснабдувањето на цела територија на Општина Охрид – информира градоначалникот Кирил Пецаков.