Skip to main content

Се помал интересот за прослава на 8-ми Март по хотели и ресторани

Охриѓанки се помалку го празнуваат денот на жената со ресторански забави. Во туристички центар-Охрид за овој празникнема да изостанат и годинава гостинките од земјите од соседството.  Хотелите се солидно исполнети. Туристичките агенции извисија. Голем број охриѓанки поради проблемите со издавањето  патни исправи ги откажале патувањата за 8-ми март.
 |  инфодеск  | 

Сончев 8-ми Март во Охрид. Раздвижено во чаршијата и на кејот. Се купуваат цвеќе и подароци, насекаде се честита празникот на жената, а не изостанува и традиционалниот наратив за економска и социјална рамноправност. Потоа следуваат, исто така традиционалните  забави по охридските кафулиња, ресторани и хотели. Хотелиерите велат дека охриѓанки не слават масовно како порано, но сепак забава ќе има поради гостинките од странство, претежно од земјите од регионот. 

 „Во нашиот хотел 8 Март ќе го прославуваат гостинки од Србија, 70 проценти е исполнет капацитетот. Што се однесува до охриѓанки ќе ги имаме и нив, меѓутоа прославите за 8 Март како некогаш кога 400 жени во двете сали славеа и прославуваа тоа веќе е завршено време, таквиот 8 Март, таквите прослави заминаа во историјата“, изјави Тоше Чочороски, менаџер на хотели.

Поголемите хотелски капацитети кои работат преку целата година  за празникот се исполнети од 50 до 70%, помалите сместувачки објекти целосно ги распродадоа неколкудневните аранжмани за празничниот викенд.

„Нашите хотелски капацитети се максимално пополнети. Структурата на гости, овојпат доаѓаат од соседна Србија, Црна Гора и Хрватска“, рече Зоран Јанчески, менаџер на хотел.

Голем дел од охриѓанките ги откажаа и патувањата за празникот поради проблемите со  издавањето на патни исправи. Поупорните ги презакажале резервациите.  Од туристичките агенции се надеваат дека состојбата ќе се стабилизира и нема да има откажување на резервациите за летните одмори.