Skip to main content

Општина Охрид

Се поставува атмосферска канализација на ул “Караорман”

Вредноста на зафатот изнесува 1 332 058 денари, средства од буџетот на Општина Охрид.
 |  инфодеск  | 

Екипи на ЈП „Нискоградба“ работат на изведба на атмосферска канализација на улицата „Караорман“.

Линијата е во должина од 145 метри, а се поставуваат цевки со Ф50 и Ф95.

Вредноста на зафатот изнесува 1 332 058 денари, средства од буџетот на Општина Охрид.