Во тек се градежни активности за поставување на нова водоводна линија на улицата „Пирин Планина“. Со цел да се обезбеди навремено и квалитетно водоснабдување на жителите, ќе се поставува цевковод од полиетиленски материјал, со профил ф90 мм во должина од 178 метри, информираат од ЈП „Водовод“ Охрид.
Покрај редовните проверки и теренски активности, екипите на ЈП „Водовод“ Охрид, во периодот од 20-ти до 26-ти февруари, интервенираа на неколку локации во Охрид и околината, со цел непречено и квалитетно водоснабдување за сите корисници.
Отстранети беа дефекти во населба Чекоштина, населба Рача, населба Лагадин, с. Долно Лакочереј, с. Лескоец, ул. „Пере Тошев“, ул. „1-ва Мак. Ударна Бригада“, ул. „Кленоец“ бр.162, ул. „Климентска„, ул. „Илинденска“, а приклучен во мрежа беше објект на улицата „Егејска“.