Skip to main content

Јп водовод

Се поставува нова водоводна линија на ул. Пирин Планина

Со цел да се обезбеди навремено и квалитетно водоснабдување на жителите, ќе се поставува цевковод од полиетиленски материјал, со профил ф90 мм во должина од 178 метри.
 |  инфодеск  | 
ул. Пирин Планина

Во тек се градежни активности за поставување на нова водоводна линија на улицата „Пирин Планина“. Со цел да се обезбеди навремено и квалитетно водоснабдување на жителите, ќе се поставува цевковод од полиетиленски материјал, со профил ф90 мм во должина од 178 метри, информираат од ЈП „Водовод“ Охрид.

ул. Пирин Планина

Покрај редовните проверки и теренски активности, екипите на ЈП „Водовод“ Охрид, во периодот од 20-ти до 26-ти февруари, интервенираа на неколку локации во Охрид и околината, со цел непречено и квалитетно водоснабдување за сите корисници.

Отстранети беа дефекти во населба Чекоштина, населба Рача, населба Лагадин, с. Долно Лакочереј, с. Лескоец, ул. „Пере Тошев“, ул. „1-ва Мак. Ударна Бригада“, ул. „Кленоец“ бр.162, ул. „Климентска„, ул. „Илинденска“, а приклучен во мрежа беше објект на улицата „Егејска“.