Skip to main content

Се поставува водоводна мрежа во населбата Рача пред стартот на туристичката сезона

Се поставува  водоводна мрежа во населбата Рача пред стартот на туристичката сезона.

 |  Валентина Неловска  | 
vodovod mreza
vodovodna mreza

Градежни зафати врз водоводната мрежа во населбата на потег Рача и Горица  ги разлути тамошните станоиздавачи. Со изведување на земјените ископи се затвара приодот кон дел од апартманите во населбата, а станоиздавачите на објектите кои очекуваат гости сега стравуваат дека ќе им  бидат откажани резервациите.  Со нетрпение ја очекувавме туристичката сезона,  а сега со овие зафати пред самиот  почетокот на сезоната  ќе останаме без гости, стравуваат станоиздавачите. Тие  се прашуваат кој ќе сноси одговорноста за нивната штета.  

vodovod mrezaА Локалната самоуправа  на овој потег поставува нова водоводна мрежа, информира портпаролот Томе Џамтоски.

„ На потегот од Рача до апартманите во комплексот Парк се изведува приклучок на водоводна мрежа со цевки со димензии од φ 200 во должина од 1300 метри. На цевководот ќе може да се приклучат и угостителските објекти кои се покрај пешачката патека. Со зафатот подолгорочно се решава прашањето со водоснабдувањето“.
 
Директорот на МЈП „Проаква“,  Томе Паскалоски најавува дека градежните работи треба да бидат завршени најдоцна за една  недела. Очекуваат и одобрение за прекоп на магистралниот пат Охрид – Св. Наум за приклучок кон главната водоводна мрежа.

vodovod mrezaНа прашањето дали поставувањето на водоводната мрежа и приклучокот не можеа да причекаат да заврши сезоната, Паскалоски  кажа   дека морале да работат, затоа што  изведувачот избран од претходната локална власт ги напуштил започнатите работи, а мора да ја постават  водоводната линија до апартманите во Парк и Рача.
Зафатот е со средства од буџетот на Локалната самоуправа во согласност со Прогармата на Фондот за комунален развој, во вредност од 12 милиони денари.
Работите ги изведуваат МЈП Проаква и ЈП Нискоградба.

 

{loadposition content9}