Skip to main content

Се повеќе охридски ресторани ги следат трендовите во светската угоститeлска понуда

Се повеќе охридски ресторани ги следат трендовите во светската угоститeлска понуда. Има успешни приказни и поместувања во креирање на мениата. Мора постојано да се работи на подигнување на квалитетот на услугите во угостителскиот сектор порачуваат од Факултетот за туризам и угостителство.

 |  Валентина Неловска  | 

Охридските ресторани бележат напредок во угостителската понуда. Од ден на ден се менуваат застарените мениа и се повеќе ресторани во Охрид и Струга креираат успешна приказна преку стратегија и начин на презентација во сите сектори, вели професор Ангела Василеска од ФТУ.


„Мило ми е што се освестуваат. Туристите бараат доживување. Поминаа времињата на само плажа, се бараат екслузивни места со коктели што ќе им останат во сеќавање за цел живот. Го имаме убавиот Охрид , културно историските споменици и погледот од милион долари, но дојде момент и на доживувања“, подвлекува професор Василеска.

Охридското крајбрежје има голем потенцијал во областа на туризмот. Во светските туристички дестинации веќе се зборува за менаџирање на туризмот, ги пренесува најновите трендови во оваа област Василевска која неодамна учествувала на симпозиум за туризам во Санторини.


Не смееме да дозволиме Охрид да прерасне во град со масовен туризам, со огромен број на луѓе и ефтино да се продава, но не и најскапо. Да работиме на издигнување на квалитетот и подобрување на услугите и со покачуавње на цените да се направи селекција на труистите кои ќе преферираат квалитет во однос на квантитетот, вели Василеска.

Професорката од ФТУ, Ангела Василеска напоменува дека тие како теоричари се подговени во секое време на соработка со бизнис сектор. Угостителите пак најдоброи ги познаваат сите недостатоци ипроблеми во оваа област за заедно да најдат решенија во подобрување на туристичката понуда на охридското крајбржје.