Skip to main content

Се повеќе занаетчии се регистрираат во охридската комора

Се повеќе занаетчии се регистрираат во охридската  комора.

 |  Валентина Неловска  | 
zanaetcii
zanaetcii

Паркетари, водоинсталатери, тв механичари, изработувачи на сувенири и домашни ракотворби се дел од 34 -те ново регистрирани занаетчиски дејности во Регионалната комора во изминатата година.  Ова е рекорден број споредено со  изминатите 6-7 години, вели претседателот  на  Регинаолната комора Сашо Богоески. За зголемување на бројот на ново пријавени занаетчии  претседателот наведува бројните бенефиции кои занаетчите ги имаат почнувајќи од износите за сметководствени услуги или плаќање на ѓубре. Покрај  ова Богоески ги додава и неколку клучни проекти, како што е на UNDP  за поддршка на самовработување, но набројува и други причини.
занаетчии

„ Мора да истакнам дека дел од ново вработените се од стрaв од борбата против нелојaлната  конкуренција. Оние занаетчии и мајстори кои работеле по дома напријавени се дел од 34 ново регистрираните, ги има 6-7 запишани од страв да не бидат фатени дека работат нерегистрирани“, напоменува Богоески.

Во прилог на комората, да има успешни финансиска резулатаи во 2014 година, придонеле и новите мерки на УЈП за  воведување на задолжителните GPRS уреди.

По овој основ 6 -мина трговци поединци се преорентирале во занаетчии, подвлекува Богоески.

занаетчии„ Дел од занаетчиите регистрирани како вршители на занаетчиски дејности согласно законот за трговски друштва кои се фискализирани имаат обврска до 31.1.2105 година да купат нови фискални апарати со GPRS уреди или да се прегистрираат како занаетчии и да бидат паушално оданочени. И по тој основ има пререгистрирани занаетчии од трговски друштва во занаетчиски дуќани“, појаснува  Богоески.

Во ново запишаните занаетчиски дејности и понатака ги нема занаетите кои се во фаза на изумирање.

На ова поле Регионалната занаетчиска  комора ќе прави напори во оваа  година нешто да се промeни, најавува Богоески.

 

{loadposition content9}