Обид да се вратат во живот занаетите кои се во изумирање
Обид да се вратат во живот занаетите кои се во изумирање. Во тек е оглас со кој се бараат занаетчии кои ќе ги подучуваат невработените лица да стекнат со занаетчиски вештини. Обуките ќе траат неколку месци во зависност од видот на занаетот.
Во Охрид подолго време нема занаетчија бочвар. Бочки за чување вино се набавуваат по нарачка во други градови. Од ковачкиот и опинчарскито занает , пак по еден мајстор секој во својот занает жилаво се бори за опстанок на дејнсота . Ова се само неколку примери од многуте занаети кој се во изумирање, а се прават напори да опстанат. За таа цел во центрите за вработување тече оглас со кој се бараат занаетчии кои ќе ги пренесат тајните на занаетите на заинтересираните невработени лица. Сашо Богојески , претседател на регионалата занаетчиска комора, напоменува дека го поздравуваат овој обид. Додава дека нивна цел како организација е да траат и да заживеат што повеќе стари дејности.
Обуките за старите занаети ќе се спроведуваат кај занаетчии кои ќе покажат желба да ги споделат тајните на занаетите и ќе се вклучат во спроведување на обуките. Така за бочаврскиот занает обуките ќе траат шест месеци, а ист временски рок е предвиден и за учење на ковачкиот занает, лимарскиот, крзнарскиот, резбарскиот, грнчарскиот, часовничарскиот, чевларскиоти и за витраж. По тримесеци ќе траат обуките за стаклар и оџачар, додека 4 месеци се предвидени за изучување на јорганџискиот занает. Три месеци ќе трае обуката за сликање на стакло и изработка на ќостек, накит од мониста. Занаетчиите кои ќе се вклучат во обуките треба да имаат регистрирана занаетчиска дејност, а ќе добијат паричен надомест од 30. 000, 00 до 50. 000, 00 денари по обучено лице.