Се проширува модуларната болница во Охрид
Викендов пристигнаа уште 9 контењери со што капацитетот на модуларната болница ќе се наголеми на вкупно 55 легла. Исто така се чека и поставувањето на централното снабдување со кислород на објектот.
Викендов пристигнаа уште 9 контењери со што капацитетот на модуларната болница ќе се наголеми на вкупно 55 легла. Исто така се чека и поставувањето на централното снабдување со кислород на објектот.
“Моментално има слободни кревети во модуларната болница, која е отворена за ковид пациенти. Имаме лекари, интернисти, пулмолог и инфектолог кои знаат да проценат кога некој е за хоспитализација а кога не е.“ – изјави директорот Др Горан Балевски.
„Да се надеваме дека во што поскоро време ќе го снема овој зол вирус и оваа модуларна Ковид болница ќе прерасне во поинаков тип на болничка установа“, велат од менаџментот на болницата.