Се проширува мрежата на аптеки и отварање на ординации на специјалистите од секундарното здравство во земјава
Целт е да се надмине проблемот со недостокот на лекови , а со отворање ординации младите лекари да се мотивираат да останат и да работат во нашата држава. Ова го овозможуваат измените во Уредбата за мрежата на здравствени установи што Владата ја усвои на последната седница.
Аптеките кои досега немаа склучено договори со Фондот за здравствено осигурување сега ќе може да издаваат лекови со партиципација,а специјалистите ќе може да отворат ординации во местото кое ќе го изберат. Со измените го нема ограничувањето за отворање аптеки и специјалистички ординации кои можат да склучат договори според финансиските можности на Фондот. Ова е предвидено со измените и дополнувањата на Уредбата за мрежата на здравствениустанови, што Владата ја усвои на последната седница. Овозможено е проширување на мрежата на здравствени установи, односно делот на аптеките и руралните аптеки, како и делот на специјалистите од секундарното ниво на здравствена заштита. Со тоа ќе се надмине а проблемот со недостатокот на лекови, односно, лековите на рецепт ќе бидат подостапни за пациентите“, велат од Министерството за здравство.
„Специјалистите ќе имаат можност да отворат специјалистичка ординација во место кое самите ќе го изберат, или пак, како нов тим во веќе постоечка ординација, со договор со Фондот. Со отворање ординации младите лекари ќе ги мотивираме да останат и да работат во нашата држава, а пациентите ќе имаат поголема можност да бираат во која специјалистичка ординација сакаат да одат“, велат од Министерството за здравсто.
Од Фондот, пак ќе им понудат на аптеките кои се надвор од мрежата да склучат ваков договор во рамки на алоцираните средства во буџетот, како и на специјалистите кои сакаат да отворат свои ординации.
„Ова значи дека ги елиминираме ограничувањата и во периодот кој следи аптеките кои немаат договор со Фондот ќе можат тоа да го направат, како и специјалистите кои сакаат да отворат свои ординации. Тоа значи дека ќе им понудиме, а со тие што сакаат ќе склучиме договор. Тоа ќе го направиме во рамки на алоцираните средства од буџетот и очекувањата тој да расте“, напоменува Даниел Дончев, директор на ФЗОМ.
Фондот за здравствено осигурување од јануари до април ги зголемуваше линеарно квотите на 772 аптеки за 12.000 денари, освен за аптеките кои ја надминуваа максималната месечна квота од 650.000 денари.
Проширувањето на мрежата на аптеките ќе стартува од следната година.