Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ денеска имаат акција за расчистување на мапирана дива депонија на просторот од поранешен Градинар.
По претходно добиен налог од општинскиот инспекторат, екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ пристапија кон расчистување на мапираната дива депонија на просторот од поранешен Градинар. Количествата на расфрлан кабаст отпад, градежен шут и друг отпад се енормни, па активностите ќе се реализираат и во наредните денови – информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.