Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ со голем број активности за одржување на јавната хигиена на високо ниво низ Охрид и околината.
Се чисти, шпаклира и коси зеленило во стариот дел на градот до црквата Св. Јован Канео, како и самиот брег на езерото во тој дел. Акција има и во с. Трпејца за чистење и остранување на зелени површини. Се средува зелениот појас на ул. Петрино. Се коси трева и се уредува зелениот појас на повеќе локации во Охрид. На бул. „Македонски Просветители“ се посади и украси цел потег на средината на булеварот – информираат од Јавното претпријатие.