Акција

Се расчистува речното корито на Коселска река

Жителите на селото Орман стравуваа дека може да дојде до излевање на реката чие корито не е исчистено повеќе од една деценија.
 |  инфодеск  | 
Чистење на река Коселска

По реакцијата на жителите од селото Орман и објавените прилози на ТВМ дека има голема опасност од излевање на реката Коселска, денеска екипи на јавните претпријатија „Охридски комуналец“ и „Водовод“ започнаа акција за расчистување на речното корито на оваа река.

Опасност од излевање на Коселска

Орманци стравуваат од излевање на Коселска река

Активностите се одвиваат по налог на Општина Охрид. Проблемот со затрупувањето на речното корито настанува поради одлагање шут и зелен отпад покрај речното корито, каде се создадени депонии на повеќе локации.

Чистење на река Коселска

Надојдените води од обилните врнежи кои паѓаа деновиве во охридско се закануваа да го затворат протокот на реката кај мостот во Орман. Жителите стравуваа дека може да дојде до излевање на реката чие корито не е исчистено повеќе од една деценија.

Чистење на река Коселска
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© 2008 - Сите права задржани. Поддржано од ТВМ ТелевизијА.
Back to Top