Skip to main content

Ј.П. ,,Охридски Комуналец” – Охрид

Се расчистуваат и дивите депонии во Трпејца

Во вчерашната акција подигнати 22 м3 отпад од Трпејца.
 |  инфодеск  | 

По иницијатива на Ј.П.,,Охридски Комуналец” заедничка акција со Н.П. Галичица и волонтери за расчистување на диви депонии во Трпејца.

-Во координирана заедничка акција со Н.П. Галичица и волонтери – месно население и членови од Здружението на љубители и подржувачи на Н.П. Галичица, денес се расчистија мапираните диви депонии на три локации во с.Трпејца. Со вонреден ангажман на сите учесници во оваа акција беа подигнати 22 м3 отпад, каде најзастапен беше кабаст отпад, информираат од Ј.П. ,,Охридски Комуналец” – Охрид.