Се реализираше првата бродска тура на привремената линија Охрид – Поградец
Се реализираше првата бродска тура на привремената линија Охрид – Поградец.
Се обнови бродската линија на релација Охрид Поградец. Во новата летна туристичка сезона донесено е решение за отварање на привремениот граничен премин од страна на министерството за внатрешни работи и Царинската управа. Од охридската капетанија информираат дека 80- тина туристи веќе се возеле на оваа линија. Според економските законитости засега потребите на пазарот се да се вози еднаш во неделатата, укажува капетанот Горан Устијаноски.
Задоволни се како во моментов функционира водениот сообраќај на Охридското езеро.
„Првата тура е реализирана без никаков проблем. Бродарите и туристите се задоволни, а времето е сведено само на неопходните гранични формалности. Од наша страна нема никакви забелешки Очекуваме добра сезона и туристи во доволен број за одржување на таа линија“, информира капетанот Горан Устијаноски.
Водениот сообраќај рутински се контролира во однос на техничката исправност и опремата на бродовите и на чамците. Се преземаат сите мерки за безбедна пловидба од страна на капетанија во координација со другите институции.
„24 часа на терен се 2 – ца инспектори со по еден помошник и екипите на граничната полиција се наподолнуваме. Чести се котролите и со мобилната царина , имаме добра соработк анем апроблеми. Ќе станеме и позасилени во однос на техничката опрема со еден патролен чамец во рок на испоарак е и ќе го добие,е за да може да покриеме поголема акваторија истовремно“, кажува капетанот.
Во тек е и набавката на радарите со кои капетанија ќе ја следи фрекфенцијата и разделеченоста на пловните објекти на акваторијата на Охридско езеро во случај на губење на пловилата. Во пракса досега имало и такви случувања, а со радар тие лесно ќе бидат лоцирани и пронаоѓани , подвлекуваат од охридската Капетанија на Пристаништата.