Активностите за реконструкција и изградба на детски и повеќенаменски игралишта продолжуваат. Во тек е реконструкција на повеќенаменското игралиште во село Горно Лакочереј.
Екипи на ЈП „Градски гробишта“ периодов вршат партерно уредување со бехатон плочки и поставуваат рабници, додека екипи на ЈП „Градски пазар“ се задолжени за монтажата на детските реквизити.
Средствата за реализација на овој проект во целост се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.