Во село Оровник започнаа работите за реконструкција на спортскиот полигон.
–Ќе се изврши санација на заштитните огради,ново рефлекторско осветлување,како и набавка на кошаркарски табли и обрачи, вели градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески.
Средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година.