Се реконструира средното економско училиште во Охрид
Во тек се градежни работи за реконструкција СОСУ „Св. Кирил и Методиј“. Вредноста на договорот за реконструкција изнесува 9.220.000,оо денари, средства одвоени од буџетот на Општина Охрид. Градоначалникот Кирил Пецаков, денес, беше во посета на училиштето.

Согласно проектот предвидено е поставување на термо фасада, замена на кровот, санација на внатрешните простории, електрични работи и замена на осветлувањето во спортската сала.
За втората фаза обезбедена е проектна документација за промена на начинот на загревање на училишето, наместо на нафта ќе се затоплува со топлински пумпи и трет дел со што ќе се заокружи реновирањето на училиштето ќе има партерното уредување на дворот со што ќе добие нов лик. Како дел од реконструкцијата ќе се обнови и старата и дотраена електрична инсталација – рече градоначалникот Пецаков.
Предвидено е во текот на оваа година да се отпочне со реконструкција на три училишта „Христо Узунов“, „Братство Единство“ – Лескајца и „Св. Наум Охридски“- Пештани.