Skip to main content

Мапирани околу 70 кучиња

Се решава проблемот со кучињата скитници во Охрид

Започна решавањето на проблемот со кучињата скитници во Охрид. Досега мапирани се околу 70 кучиња на повеќе локации во градот.
 |  инфодеск  | 
кучиња скитници

Локалната власт предводена од градоначалникот, Кирил Пецаков започна со решавање на долгогодишниот проблем со кучињата скитници во Охрид.

До изградба на стационар за хуман третман, кучињата скитници од страна на ветеринарна амбуланта којашто на тендер ја избра ЈП „Охридски Комуналец“ ќе бидат заловувани, кастрирани, вакцинирани и чипирани и повторно ќе бидат вратени на заловеното подрачје.

Досега мапирани се околу 70 кучиња на повеќе локации во градот. Само изминатата година до ЈП „Охридски Комуналец“ пристигнале 29 барања за надомест на штети од каснување на кучиња, а од почетокот на оваа година досега пак пристигнале само три вакви барања.