Skip to main content

Се решава тридецениски комунален проблем на жителите на Горно и Долно Лакочереј

Во тек е изградба на канализациона мрежа во Горно и Долно Лакочереј, проект тежок 30 милиони денари oд коишто преку 22 милиони денари се обезбедени од буџетот на општина Охрид, а останатите од Министерството за животна средина. Со ова решаваме повеќедецениски проблем на граѓаните, реализирајќи нешто што со години им било ветувано, истакна градоначалникот Пецаков кој денеска заедно со претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски беше на увид во градежните работи.
 |  Маја Савиќ  | 

Со изградба на канализациона мрежа во Горно и Долно Лакочереј се решава тридецениски проблем на жителите од овие места, а понатаму ќе се продлжи со подобрување на комуналната инфраструктура и во Орман. Ова е капитален проект кој се ветувал со години, но не стигнал до реализација, кажа градоначалникот Кирил Пецаков кој денеска заедно со претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски беше во увид на градежните работи. 

„Ние како локална самоуправа уште со самото доаѓање, првата работа која ја направивме беше да нарачаме проект, втората извадивме одобрение и веќе од денешен аспект имаме проект во вредност од 30 милиони денари oд коишто преку 22 милиони денари ќе биде обезбеден од буџетот на општина Охрид, а 8 милиони го аплициравме и добивме средства од страна на Министерството за животна средина.  Ова е начинот на кој што покрај овој проект, за кој со години се разговарало, ќе делуваме и во иднина, проекти кои се од суштинско значање и секако дека временските услови дозволија и почеток и секако дека се надевам дека во многу скоро време ќе го завршиме овој проект и луѓето ќе можат конечно во 21 век, од местата од Горно и Долно Лакочереј да имаат канализација. – изјави Пецаков.

Во рамки на денешните активности градоначалникот изврши увид и на неколку завршени проекти, тековни, како и проекти кои што допрва ќе отпочнат во поранешната Касарна.  

„За понатака ќе ги оставиме влезовите на Охрид од страна на Битола, улицата 7-ми ноември и влезот на Охрид од страна на Струга, стариот пат за Струга, улицата Гоце Делчев каде што на двете улици се прави комплетна реконструкција.  Тие се едни од поголемите проекти и во текот на наредниот период едната улица ќе биде завршена до почетокот на летната сезона, другата ќе биде ставена во функција пред стартот на сезоната мислам на улицата Гоце Делчев, а ќе биде продолжено после 1-ви септември односно завршетокот на туристичката сезона.“ – кажа Пецаков.

Мицкоски искажа задоволство од работењето на локалната потенцирајчи дека  тоа се олитики и чекори коишто водат во развој и враќање на доверба на граѓаните кон институциите.