Skip to main content

Се санира потпорниот ѕид над музејот Робевци

Се санира потпорниот ѕид над музејот Робевци

 |  Валентина Неловска  | 
zid

 

Започна да се санира срушениот ѕид од северната страна на музејскиот комплекс Робевци. Од охридскиот Завод и музеј изработиле проект и спровеле  геомеханичко истражување на просторот. Тоа овозможува да се изведува новиот потпорен ѕид кој zidќе биде заштита на карпата  и објектите изградени на горното плато од музејскиот двор, информира директорот на Завод и Музеј  Тања Паскали Бунташеска.

„ Тој ѕид ќе биде целосно реконструиран, обложен со камен и ќе ја заштити карпата од понатамошни  оштетувања и музејскиот двор од комплексот Робевци ќе го добие конечно ликот“, подвлекува Паскали Бунташеска.

Министерството за култура обезбедило 15 милиони денари за изградбата на армираниот бетонски потпорен ѕид кој ќе е обложен со камен. По извршената санација се планира  горното плато да се  осветли и да се постават дрвени витрини, појаснува Паскали Бунташеска за изгледот на новиот простор кој ќе биде на отворено.  


zid„ Ќе се создадат услови просторот  да се осмисли, да се одржуваат изложби на горното плато како што беше наменски предвидено, но  со рушењето на ѕидот се пореметија  плановите кои ги имавме да поставуваме изложби во летниот период“, вели Паскали Бунташеска.  

Одронот на карпата над Музејскиот комплекс се случи во февруари 2008 година под дејство на надворешените атмосферски влијанија.