Екипи на јп градски пазар
Се санира сидриштето кај каналот Студенчишта
Премачкувањето со боја се врши со цел подолгорочна заштита на дрвените површини и разубавување на изгледот на пешачката патека.
Екипите на ЈП „Градски пазар” деновиве работеа на санирање на сидриштето кај каналот Студенчишта.
Во санацијата беше опфатено и премачкување со соодветна боја на дрвените површини. Премачкувањето се врши со цел подолгорочна заштита на дрвените површини и разубавување на изгледот на пешачката патека – информираше градоначалникот Кирил Пецаков.




