Skip to main content

Се санираат оштетените сообраќајни знаци во градов

Во рамките на Годишната програма за работа на Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици , а во склоп на Договорот за работа со ЈП „ Градски пазар“ ,по налог на Одделението за сообраќај,  започна санација и замена на целосно и делумно уништените сообраќајни знаци на целата територија на Општина Охрид.

 |   | 

Изминатиов период, стручните служби на Одделението за сообраќај извршија целосно детектирање на направените штети од страна на несовесните граѓани и по однапред утврдена програма и динамика на работа, техничко – оперативните екипи на ЈП „Градски пазар“ ќе извршат замена на уништените сообраќајни знаци и реквизити.

Од Секторот за комунални дејности апелираат до несовесните поединци да запрат со ваквото однесување бидејќи сите овие градежни активности дополнително го оптоваруваат Буџетот на Општина Охрид.