Skip to main content

Уредување во пресрет на летната туристичка сезона

Се санираат плочките во охридската чаршија

Продолжуваат активностите за санација на јавните површини на територијата на Општина Охрид во пресрет на туристичката сезона.
 |  инфодеск  | 
Санација Чаршија

Продолжуваат активностите за санација на јавните површини на територијата на Општина Охрид во пресрет на туристичката сезона. Деновиве започна санирање на оштетувањата на плочките низ Чаршијата.
Истотака се врши и уредување на јавниот простор на кружниот тек на Булевар Туристичка со пресекот на улицата Македонски Просветители. Понатака се врши уредување на просторот кај кружниот тек на пресекот од Булевар Туристичка со улицата Стив Наумов од двете страни.

Грaдоначалникот Пецаков најави санација на кружните текови, пешачко – рекреативните патеки, мини плоштади и паркови. Вредноста на овие активности изнесува 2 800 000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.