Skip to main content

Дебрца

Се тампонираат локални патишта во селата Издеглавје и Сливово

Сретствата се обезбедени од Буџетот на општина Дебрца за 2024 година.
 |  инфодеск  | 

По барање на жителите на село Издеглавје, извршени се активности за тампонирање со гребен асфалт на патот до црквата “Св.Димитрија”, во должина од 1 км.

-По завршувањето на тампонирањето со гребен асфалт на патот до црквата “Св Димитрија”,село Издеглавје денес продолживме со тампонирање на патот до црквата “Св.Атанасије”, село Сливово, со што ќе се обезбеди полесен пристап на граѓаните до црквата и селските гробишта, информира градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески.

Тампонирањето го врши фирмата “Бис” Охрид,а средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година.