Активностите за уредување на детските игралишта на територија на Општина Охрид продолжуваат.
Деновиве се изведуваа градежни активности за уредување на детското игралиште на улицата „Јане Сандански“.
Детското игралиште веќе е оградено и се постави бетонска подлога, врз која ќе биде поставена мека подлога. После тоа следува поставување на детските реквизити – информира градоначалникот Кирил Пецаков.