Skip to main content

Се уредува просторот во близина на подрачното училиште “Свети Климент Охридски” во населбата Далјан

Екипите на ЈП “Охридски Комуналец” деновиве спроведоа активности за расчистување на просторот во непосредна близина на подрачното училиште “Свети Климент Охридски” во населбата Далјан.

 |   | 

Екипите на ЈП “Охридски Комуналец” деновиве спроведоа активности за расчистување на просторот во непосредна близина на подрачното училиште “Свети Климент Охридски” во населбата Далјан.

Со помош на механизација, просторот е целосно исчистен од дива вегетација, капини, коров и трева.

Како дел од редовните активности за одржување на јавното зеленило во градот, екипите на претпријатието се тековно ангажирани за косење на тревните површини на улиците, во дворовите од градинките, градскиот парк и во дел од селските населби.