Skip to main content

Охрид се подготвува за летната туристичка сезона

Се уредуваат и санираат јавните површини и добра во пресрет на сезоната

Во тек се активностите за санација на кружните текови, пешачко – рекреативните патеки, мини плоштади и паркови.
 |  инфодеск  | 
санација на јавните површини

Во пресрет на летната туристичка сезона, се одвиваат активности за уредување на јавните површини на територија на Општина Охрид.

Во тек се активностите за санација на кружните текови, пешачко – рекреативните патеки, мини плоштади и паркови.

„На кружните текови веќе се санираат елементите што се оштетени и недостасуваат, а дополнително се санира и осветлувањето. Во моментов активности за санација се одвиваат на пешачката патека Студенчишта – хотел Парк и на плоштадот кај музичкото училиште.„ – објави на Фејсбук Градоначалникот Кирил Пецаков.

Градоначалникот најави дека во наредниот период активностите ќе продолжат со санација на пешачката патека Канео – Лабино и со уредување на зелениот појас долж Булеварот Туристичка.

Вредноста на овие активности изнесува 2 800 000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.