Екипите на Паркови и зеленило деновиве имаа активности за уредување на јавното зеленило низ Охрид.
По претходни добиени решенија од локалната самоуправа, екипите на Паркови и зеленило спроведоа активности за кроење на крошни од дрвја во градскиот парк и во дворот на гимназијата „Св. Климент Охридски“. Со овие активности се врши припрема пред пролетната вегетација со цел крошните да добијат естетски изглед и да не пречат во движењето на пешаците и автомобилите – велат од ЈП „Охридски Комуналец“.