Се вкрстуваат копјата околу новиот ценовник на НП Галичица
Се вкрстуваат копјата околу новиот ценовник на НП Галичица.
Се вкрстуваат копјата околу новиот ценовник на Националниот парк Галичица. Реакција стигна и од Министерството за животна средина и просторно планирање на барањето на параглајдеристите да бидат ослободени од плаќање за летање. Аргументите од ресорното министерство се дека параглејдеристите на туристите им наплаќаат високи цени за летање, а ништо не плаќаат за тоа што ги користат убавините на националниот парк кој се самофинансира.
„ Националните паркови се посебни институции. Владата донесе правилници и подзаконски акти кои се во контекст за управување на НП по терк на европските практики кои содржат елементи кои се одржливи. НП се посебни институции со управни одбори и тие си ги одредуваат цените во релација со министерсвото. Верувам дека цените не се големи и значајни за оние што ги посетуваат или користат убавините, а се значајни за националниот парк“, напоменува Темелковски.
Заменик министерот Темелковски укажува дека за висината на ценовникот е најдобро да се произнесе директорот на НП. Директорот на НП Галичица, Зоран Велјаноски пак, на нашиот последен повик за коментар не преупати на раководителот кој се повика на законот. Посочи на ценовиците во националните паркови во соседните држави. Директорот на НП Галичица, Зоран Велјаноски, од неговото именување до сега, нити еднаш не се појавил лично пред јавноста во врска со работата или проблемите во паркот. Од министерството за животна средина и просторно планирање испратија и линк од туристичка агенција со кој го поткрепуваат своето тврдење. Во него стои дека 15 минутен лет во тандем параглајдинг чини 4000 денари, а за 60 минути лет за thermal fly со вклучено сликање од Галичица се плаќа 6000 денари.
Параглајдеристите пак со свои против аргументи. Мендо Велјановски, светски првак во параглајдеризам напоменува дека во светот за овие видови на летање се наплаќа 120 евра за лет со параглајдер за 15 минути, но ги имаат сите останати безбедни пропратни услови за летање. Додава дека тие во туризмот се најмалата и најмалку платена алка. Тоа што го наплаќаме е мала надокнада за да можеме да набавиме еднаш годишно нова опрема.,вели Велјановски. Наша цел беше од Галичица да направиме место како Oludeniz во Турција, и од параглјадеризмот да живеат многу луѓе. Туристите не доаѓаат ако не им понудите нешто привлечно, вели Велјановски.
„ Би им рекол на Министерството за животна средина јас и другите параглјдеристи ќе се откажеме и нема да летаме повеќе во Охрид. Затоа што тие како бараат поефтино ми е да одам во Австрија и Италија да тренирам. Но, ќе видат дека за 1 -2 години ќе замре. Благодарение на она што ние 30 години носиме туристи и ги убедуваме дека на Галичица е убаво и има што да се види и другите земаат пари“, порачува Велјановски.
Велјановски вели не држи оправдувањето дека тие земале многу пари па сега министерството ќе им наплаќа за воздухот. Додава дека нивната одлука е против Македонија и туризмот во Охрид.
{loadposition content9}